Отворено писмо до министерот за здравство В.Филипче во врска со прогласената епидемија на морбили

Почитувани,

Во врска со прогласената епидемија на морбили (мали сипаници) во државата, здружението на граѓани за заштита на човековите права “Здравје со игла не влегува“, би сакало да ги праша здравствените власти и Министерот неколку основни прашања за што очекуваме писмен одговор преку медиумите во разумен рок.

  1. Вакцинација во тек на епидемија. Дали големиот број на хоспитализации од морбили оваа година, за разлика од претходните, се должи на одлуката да се спроведува масовна вакцинација во време на епидемија? Дали директно го загрозивте здравјето и животот на илјадници деца, за да ги потрошите вакцините со краток/поминат рок?
  2. Извор и преносител на заразата. Дали имате потврда дека заболените се заразени сo див сој на морбили или заразата е случена преку трансмисија на живиот атенуиран вирус од вакцината (сој Schwarz) и кога и каде се направени дотичните молекуларни испитувања за да се потврди изворот на заразата? Како што производителот на вакцината тврди, 7-28 дена по вакцинацијата, исцедокот од грлото на вакцинираното дете содржи вируси на морбили и рубеола. Во светот постојат публицирани сознанија дека не е можно само преку клиничките симптоми да се разграничи дали заразата е предизвикана од вакцинален или од див сој на морбили, туку е потребна генотипска анализа на сојот. Дали ја направивте таа анализа за да се уверите кој е извор/преносител на заразата, пред за тоа да ги обвините оние кои одлучиле да не ги вакцинираат своите деца и да ги казните/дискриминирате тие деца?
  3. Јавен увид на спорните вакцини. Зошто не дозволувате јавен увид на спорните вакцини со поминат рок/погрешна декларација, туку брзате да ги уништите доказите за евентуалните кривични постапки против вас? Исто така не интересира кога ќе го објавите бројот на искористени спорни вакцини, градовите и диспанзерите каде тие се аплицирани и како планирате да ги обештетите семејствата кои ги принудивте да се вакцинираат со вакцини кои сега ќе ги уништувате? Кои мерки ги спроведовте за да обезбедите карантин за заразените на клиниките и болниците низ државата?
  4. Доказ за правилен транспорт и чување на вакцините. Бараме и доказ за спазување на ладниот ланец за транспорт и чување на вакцините. Бараме да ги објавите податоците од дата логерите кои ја мерат температурата на чување и транспорт на дотичните серии на вакцини, од производителот во Европа, преку веледрогеријата до диспанзерите каде вакцините се аплицираат. Без овој доказ не можете да тврдите дека вакцините се исправни за користење, па макар биле и со добар рок.
  5. 5. Ефикасност на вакцините. Дали знаете дека во светот постојат голем број докази дека епидемии на морбили се јавуваат и во средини каде процентот на вакцинирани бил 95-97%, како што е случај со најголемата епидемија на морбили во Северна Америка (Квебек, Канада, 2011 година)? Дали знаете дека постојат документирани докази за многу случаи на заболени од морбили веднаш по примањето на вакцината против морбили? Знаејќи го овој факт, кој доказ ќе ни го понудите да не уверите дека вакцините се ефикасни? Кој доказ ќе ни го понудите да не уверите дека вакцините не се изворот на епидемија?
  6. Безбедност на вакцините. Тврдите дека нема докази дека оваа вакцина предизвикува аутизам. Дали над 80 судски пресуди само во САД, кои ја довеле во врска вакцината со појавата на аутизам, не се доволен доказ дека таа врска постои?

Тврдите дека вакцината е безбедна, но дали знаете колку смртни случаи во светот годишно се пријавуваат поради ММР вакцините? Дали знаете кои се насаканите реакции од оваа вакцина? Енцефалитис (воспаление на мозокот), енцефалопатија (хронична дисфункција на мозокот), панкреатитис (воспаление на панкреас), дијабетес мелитус, тромбоцитопенија (пореметување на тромбоцитите), леукоцитоза (пореметување на бели крвни клетки) се само дел од нив. Како ќе не уверите дека вакцината е безбедна кога само во САД до сега се пријавени над 89 илјади несакани реакции, 6.196 хоспитализации, над 1.600 трајни онеспособувања и 445 смртни случаи од неа? А се проценува дека се пријавуваат не повеќе од 10% од сите реакции кои се случуваат? Дали знаете дека 60% од сите пријавени несакани реакции од оваа вакцина се јавиле кај деца помлади од 3 години?

  1. Морбили и варичела. Дали знете дека во зимскиот период, кога секоја година има циклична епидемија од варичела (но таа епидемија не е вредна за спомен зошто нема профит од неа), не е пожелно да инсистирате на вакцинација со морбили, затоа што комбинација од овие два вируса дава многу потешка клиничка слика со многу повеќе компликации? Дали тоа ви се случува во моментов, а вие молчите?
  2. Присилна вакцинација. Во повеќе од 15 држави во Европа вакцинацијата е исклучиво избор на родителот, што е здраворазумски. Не е природно ниту демократски, законот да наметнува медицински одлуки во име на поединецот, и тоа под присила на казни. На тој начин се прекршуваат основните законски и морални вредности за физичкиот интегритет на човекот. Зборуваме за вкупно задолжителни 29 дози на различни вируси, бактерии, неуротоксини, тешки метали, супстанци кои оштетуваат плодност и остатоци од животински и човечки фетусни ткива на кои се одгледуваат вакцините. Последните 20 години, децата се претворени во контенјери за отпадоци. Во нивните млади, кревки и здрави организми кумулативно се внесуваат токсини од неорганска и органска природа, нешто што можеби би било оправдано да живеевме во 18-ти век и да ги немавме придобивките од цивилизацијата.
  3. Информирана согласност. И конечно, како за се во животот, пред донесување на било каква одлука секој човек го мери соодносот помеѓу користа и штетата од својата одлука. Кога станува збор за вакцините (исто како и за другите лекови во употреба), сооднос се прави помеѓу ефикасноста и безбедноста. Конкретно за вакцините, ефикасноста е прилично дискутабилна и недокажана, а ризикот по здравјето е многу висок, многу поголем од користа, така да одлуката за сите нас е јасна. Ние сме информирани родители, ние читаме студии и изјави на некорумпирани стручни лица (што не оди во ваша корист), а вие со вашите присилувања за вакцинација сте или многу храбри или многу неинформирани, или само едноставно сте се простиле од разумот. Од се горе кажано ние како родители доаѓаме до заклучок дека единствен ризик за здравјето на нашите деца сте Вие и Вашите здравствени политики, министре!

Веќе ни е познато дека во оваа држава некомпетентноста, неказнивоста и неодговорноста се високо на листата на политички вредности кои се негуваат од сите партии на власт. Но, кога се работи за животот и здравјето на децата, постојат некои универзално повисоки вредности и повисоки казни за нивно газење. Дали сте спремни да ги сносите? Незнењето и неспособноста не можат да бидат вашето оправдување, дури ни вашата оставка Министре нема да ве спаси од одговорност.

Како здружение кое го промовира правото на квалитетен и здрав живот, како и правото за објективно информирање и одлучување, сметаме дека сте должни да одговорите на овие прашања и да изнесете докази со кои би ги поткрепиле вашите тврдења. Во спротивно, доколку останете на ставот невакцинираните да не можат да се школуваат и да се згрижуваат во градинки, најавуваме правна борба и граѓанска непослушност. Вие ни дадовте доволно материјали и мотиви за тоа.

Со почит,

Граѓанско здружение за заштита на човековите права  “Здравје со игла не влегува“

Advertisements

One thought on “Отворено писмо до министерот за здравство В.Филипче во врска со прогласената епидемија на морбили

  1. Pingback: Родители поддржани од Здружението „Здравје со игла не влегува“ бара враќање на децата во градинките

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s