ПОКАЖЕТЕ СТУДИИ ЗА ЕФИКАСНОСТ, НЕ МОЖЕТЕ ДА ЕКСПЕРИМЕНТИРАТЕ СО ДЕЦА!

Пишуваме често, затоа што не секогаш напишаново оттука доаѓа до секаде каде има потреба. Понекогаш не одбиваат, понекогаш и не спречуваат. Толку за ова. Среде екот сме на необјаснета епидемија во која т.н. “сој” на морбили, или вид на вирус, не се испита и не се потврди потеклото, природно или вакцинално, се најавува теренска вакцинација, додека за запазувањето на “ладниот ланец”, т.е. начинот на кој се чуваат и пренесуваат вакцините пред употреба, нема никаква информација. Вакцинирањето како метода среде епидемија, објаснета или не, вообичаено не се практикува. Но тоа не е најголемиот проблем. Во целата ситуација, на удар се децата под едногодишна возраст, кои по правило не се вакцинираат со ММР вакцина. Ниту во диспаннзер.

Така стои, јасно напишано, во упатството за вакцината која се дава во Македонија. “деца меѓу девет месеци и една година, кои немаат соодветна имунолошка реакција, треба да се ревакцинираат, но во интервал не пократок од четири недели. Кај деца под деветмесечна возраст, ефикасноста на вакцината не е утврдена” Еве цитат од страната на CDC, Centre for Disease Control, или отприлика нешто слично како ИЈЗ кај нас, Институт за јавно здравје. Таму велат – “CDC препорачува сите деца кои се вакцинираат со ММР (measles-mumps-rubella) вакцина, да примат две дози, од кои првата на 12 до 15 месеци, и втората на 4 до 6 години старост. Децата можат да ја примат втората доза порано, но не пред дваесет и осум дена по првото вакцинирање ” Значи, детето треба да прими две до три дози, во растојание од не пократко од четири недели, за да стекне имунитет?

Зошто тогаш се вакцинира вака и сега? Овде нема да пишуваме зошто и како, доколку мајката природно прележи морбили, може да го пренесе имунитетот на детето веднаш по раѓање. Погодувате, вакцинираната мајка не пренесува никаков имунитет. Другпат за тоа. Просто ќе поставиме едно прашање. Епидемија или не, вакцинален сој или не – макар што секој кој малку сака да размисли, ќе се сети – значи, преку се и покрај се, дали нашиот Институт за јавно здравје сака, може и мисли дека треба да се повика на искуства во светски рамки, и да прикаже студии за применливоста и ефикасноста на ММР вакцината кај деца под едногодишна возраст. Без тоа, вакцинацијата среде епидемија, и тоа на дел од популацијата за која слични испитувања не се направени, ги нема, без тоа оваквата постапка не ќе е ништо повеќе од експеримент.

Втор цитат, од страната на Светската здравствена организација, во врска со ММР вакцината – “Ако детето ќе патува во земји каде е болеста (морбили) присутна, можно е да се аплицира доза вакцина и на шестмесечна возраст. Но, децата кои ќе се вакцинираат меѓу шест и осум месеци старост, треба последователно да примат две вообичаени дози на соодветна возраст според вакциналниот календар (за да стекнат имунитет, заб. прев.)” Зошто да се вакцинираат повторно, со уште две дози? Еве зошто. Покрај тоа што СЗО (World Health Organization, само преведено) препорачува вакцинација од шест месеци, при патување во ризични, области, студии каде е испитана ефикасноста нема, барем ние не можевме да ги најдеме. Повторуваме, студии нема. Ако нашиот Институт ги има, нека ги покаже, за да знаеме дека не се работи за експеримент. Пошто, во упатството од вакцината ММР јасно стои дека една од несаканите последици е токму т.н. атипичен сој морбили. Нашата интуиција, во која не мора да сме во право, ни вели дека принципот овде е, кој како ќе си помине, односно кое дете како ќе успее да се справи. Докажете дека не е така. За лекарската негрижа, третманот по болниците, и за податоците од мајките на починатите деца, кои секојдневно пристигаат кај нас, другпат. По толку болка и страдање, не сакав да напишам смрт, и родителите не се подготвени се да споделат со јавноста.

Потполно ги разбираме.

Вие сте на потег.

 

 

Референци:
https://www.who.int/ith/vaccines/measles/en/?fbclid=IwAR0O6ecQzCEwRvpr7XmTAp_eZ65a3E69ZUc7uzUVTGDXFk-tLXk_usrnf88

https://www.cdc.gov/vaccines/vpd/mmr/public/index.html?fbclid=IwAR1LH5BoHo_zedSKF4SHlU2DwLSgYqUiLSGHw0ZBdiuZkxOB4-Ygi5xfZQk

 

52498818_1399223473553684_7127427523960373248_n

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s