Дел од криминалот на државата во случајот “морбили“ од 2019 год.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ВО ВРСКА СО КРШЕЊЕ НА ЗАКОНОТ за ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ од СТРАНА на ДРЖАВАТА

Почитувани ,
Сведоци сме на секојдневно медиумско бомбардирање со пропаганда од страна на здравствените власти со застрашувачки бројки на заболени од морбили во државава.

( Тие што не се запознати со начинот на кој што функцонира медиумската пропаганда,можат да прочитаат повеќе овде: линк )

Незаинтересираноста на властите за вистинско намалување на случаи на новоинфектирани поединци ( a воедно претставува и суштински доказ дека тука не се работи за сузбивање на никаква епидемија туку едноставно за бизнис интерес),е запрепастувачка и веќе од почетокот криминална од повеќе причини, но ние ќе одвоиме две како главни:
1. Вакцинацијата против морбили се спроведува со МПР вакцина во која има живи/атенуирани вируси на морбили, кои 7-28 дена по апликацијата на вакцината се наоѓаат во исцедокот на грлото на вакцинираниот, со можност тие вируси да се прошират во околината. Овој податок стои во декларацијата на производителот во делот 4.4. Мерки на претпазливост и посебни предупредувања, Трансмисија. Во делот 4.8. Несакани дејства, Постмаркетиншки податоци, без можност да се процени фреквенцијата, стои несакано дејство од вакцината – Синдром кој наликува на морбили. (https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56260). Од секој кој аплицира или препорачува вакцина се очекува да го има прочитано овој документ и да препорача соодветни мерки да се избегне зараза на блиските лица, најчесто семејството и возрасната популација, со која свежо вакциниранато дете доаѓа во близок контакт.
2. Законот за заштита на населението од заразни болести (http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2018/01/ZAKON-ZA-ZASHTITA-NA-NASELENIETO-OD-ZARAZNI-BOLESTI-zakluchno-so-br.-37-od-2016.pdf),предвидува многу други мерки (освен присилната вакцинација) за спречување на ширење на заразата, кои мерки НЕ СЕ СПРОВЕДУВААТ од страна на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и одговорните лица во болниците. Бараме објаснување на прашањето зошто од сите 16 предвидени општи и посебни мерки за заштита од заразни болести, државата спроведува само и единствено една, а таа е присилна вакцинација.
Освен присилна вакцинација, Законот предвидел и други 15 мерки за спречување на ширење на заразните болести, меѓу кои најосновната мерка – карантинот.
Поимот КАРАНТИН во Законот за заштита на населението од заразни болести се објаснува како “изолација што се состои од ограничување на движењето на болни или на сомнително болни или на контакти со болни од одредени болести со висок ризик, во наменски простории каде што ризикот од ширење на инфекциите е намален на најниска можност, во присуство на персонал кој користи соодветни заштитни средства и со посебен режим на движење и однесување.“
Законот предвидел и глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност на правно лице ако не спроведе изолација на лица заболени од заразни болести од членот 28 на овој закон; не ја следи состојбата или не преземе мерки за спречување и елиминација на интерхоспитална инфекција или на друг начин не постапи согласно со членот 49 на овој закон (Член 66).
Сведоци сме на хаотичната ситуација на Клиниката за педијатрија, но и во другите детски болници и оддели, каде не е спроведен карантин, односно каде заразените деца лежат во иста соба со хронично болни деца и им ја пренесуваат заразата со тоа загрозувајќи го нивниот живот.
Сведоци сме дека невакциниран медицинскиот персонал кој работи со заразени пациенти, работи и со здрави пациенти и ја пренесува заразата.
Сведоци сме дека иако Клиниката за педијатрија има услови за карантин (два влеза, посебен дел што може да се заклучи и да се оневозможи циркулација на заразени пациенти и персонал), не го спроведува истиот.
Значи услови за карантин има, но карантин нема.
Има и основ за поведување на постапка за барање на одговорност за неспроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести, но постапки нема.
Министерот за здравство, е најодговорен за ширење на оваа зараза бидејќи преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат не побара спроведување на мерка карантин и не вршеше надзор врз спроведување на истата, а беше должен тоа да го стори. Од друга страна, Министерот преку Санитарниот инспекторат, спроведе незаконска мерка – исфрлање на децата од градинки, а законските мерки кои му стоеја на располагање не ги спроведе, и со тоа го доведе јавното здравје во опасност. Иако мерката- забрана невакцинирани деца да посетуваат градинка, не вроди со плод – спречување на ширење зараза, туку само психички ги оштети децата а финансиски родителите, кои сега по судски пат да си ја бараат правдата, таа мерка сеуште е на сила. Мерката која уште од самиот почеток требаше да се спроведе – изолација на заразените, сеуште не се спроведува и поради тоа бројот на заразени и понатаму расте. Министерот за здравство го сметаме за одговорен и за ширењето на говор на омраза по социјалните мрежи, бидејќи во своите јавни настапи ги обвинуваше родителите кои не ги вакцинираат своите деца, посочувајќи ги за единствено одговорни за ширење на епидемијата од морбили, и со таа перфидна лага продолжува да го манипулира населението создавајќи нетрпеливост и омраза помеѓу оние кои вакцинираат и оние кои не вакцинираат.
Во пирамидата на одговорност за катастрофално големиот број на заразени од морбили оваа година, Директорот на Клиниката за детски болести завзема високо место. Раководството на оваа клиника го сметаме за една од најодговорните за ширењето на оваа епидемија во нивната институција меѓу хронично болните деца кои не ги заштититија со карантин иако клиниката имаше услови за тоа. Директорот на Клиниката за детски болести, имаше обврска и должност да ги заштити децата кои им се доверени на лекување, а што направи таа? Ги стави во иста соба со заразени деца. Каде е тука лекарската и човечка етика? Каде е Лекарската Комора да реагира? Каде е Јавното обвинителство?
Сите одговорни лица кои ја дезинформираа јавноста со своите настапи, говорејќи дека вакцинацијата е единствена мерка за спречување на заразни болести, при тоа преќутувајќи ги многу посуштинските и далеку поефективните мерки предвидени со овој закон, како на пример карантинот и изолацијата на овие болни и не спроведувајќи ги истите, треба да одговараат пред законот.
Родителите кои не ги вакцинираат своите деца плаќаат драконски казни (300 до 650 евра во денарска противвредност) по вакцина, а за одговорните лица од областа на здравството кои не спроведуваат карантин не се спроведува никаква казнена мерка, иако нема никаква штета која може да ја предизвика едно здраво невакцинирано дете додека за штетата од неспроведување карантин по болниците во време на епидемија – сведоци сме сите.
Паметиме дека секоја година во зимскиот период има зголемен број на заболени од морбили, тоа е природниот циклус на оваа детска инфекција. Исто така паметиме, дека ниту една година бројот на заболени не бил толку висок (и покрај високиот број невакцинирани деца) и паметиме дека немало смртни случаи. Што е оваа година поразлична од сите останати години? Имаме ново здравствено раководство и имаме незаконски спроведено исфрлање на децата од градинка и на тој начин неприродно голем број свежо вакцинирани пренесувачи на вируси. Имаме катастрофални политики во здравството кои не можат да обезбедат најосновни мерки на заштита.
Поради сето горе наведено сметаме дека непочитувањето на Законот за заштита од заразни болести од страна на здравствените власти во делот на спроведување карантин, како и масовното присилно вакцинирање со жива/атенуирана вакцина се главните причини заразата да продолжи да се шири.
Затоа БАРАМЕ од државата да побара одговорност од сите кои:
1. Навремено не спроведоа најстрог карантин во болниците и одделите кои примаат заразени лица, со цел спречување на ширење на заразата на останатите лежечки болни и на медицинскиот персонал
2. Навремено не спроведоа вакцинација на цел медицински персонал кој работи со заразени и потенцијално заразени пациенти, со цел заштита на персоналот и пациентите со кои доаѓаат во допир.
3. Спроведоа незаконска мерка забрана невакцинираните деца да посетуваат градинки иако оваа мерка не постои пропишана со ниту еден закон и истата не можеше никако да вроди со плод кој го очекуваа.
4. Неправедно и надвор од секоја медицинска логика ги обвинуваат невакцинираните здрави деца за ширење на заразата, без при тоа да обезбедат доказ од генотипска анализа,за потеклото на вирусот за ова свое тврдење. Со таа анализа точно би се детектирало дали вирусот што се шири е див сој или е сој на вирус присутен во вакцината. На тој начин би се потврдило кој ја шири заразата., за што постои доказ, во документите на производителот на вакцината.
Со почит,

Граѓанско здружение за заштита на човековите права.
Здравје со игла не влегува

 

p6Lj4Ma

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s