ОТВОРЕН ПОВИК

Насилство само по себе е злостор, но кога станува збор за насилство врз деца, тогаш не постојат зборови кои би можеле да го опишат таквиот ужас.

Родителите, чии деца на кампување со „извидничкиот“ одред доживеаја психолошко насилство, можат да нé контактираат подолу означените, доколку се заинтересирани за адвокатска подршка. Имено, група адвокати изразија спремност да ги застапуваат интересите на родителите и децата про боно (доброволна професионална работа, заради постоење на јавен интерес).

Поради тоа што во делата за кои што постои сомнеж дека се сторени, се содржани прекршочни елементи од повеќе области од правото, така и групата е составена од адвокати од кои секој е стручен за негова конкретна област од правото: кривично, нематеријално, детските права итн. Тие меѓусебно ќе се разменуваат и соработуваат, со цел да пружат најдобра возможна правничка подршка на децата и родителите.

На засегнатите им ја гарантираме дискрецијата. Повикот е од позиција на загрижени родители кои сакаат ваквите престапи да се санкционираат, за да не се повторат во иднина на нечии туѓи, или наши деца. За во иднина да не мора да се плашиме каде си ги пуштаме децата и во чии раце ги даваме. За кога ќе си го испратиш детето во „извиднички“ камп, тоа да не заврши во порнографски камп.

И затоа, ширете ја информацијата, споделувајте ја, или едноставно имајте ја на ум, за да овозможиме заеднички, оваа информација да допре до родителите, или до нивни блиски лица. Сакаме да ги охрабриме, и да знаат дека не се сами. Не се сами ни во однос на сочуствувањето со нив заради ужасот низ кој што поминале и поминуваат, нити се сами во однос на правна заштита. Родителите и децата мора да знаат, дека сепак има луѓе кои што се спремни да ги одбранат и заштитат, обични луѓе од народот, и „необични“ луѓе од народот. И дека постои решителност, овој ужас кој што им се случил да не биде заташкан. Всушност ова сите нас нé засега.

Ги отфрламе малициозните и недостојни коментари од типот дека родителите морале да знаат каде ги пуштаат децата, и дека во самото име на излетот бил веќе содржан зборот „секс“. Само сексуално заостанати ликови во името на излетот би нашле педофилни елементи. Со фразата Sex Drugs and Rock n Roll сите ние сме растеле и таа денес сé уште е симбол за бунтовност. Манипулацијата започнува токму овде, со тоа што „извидничкиот“ одред ја искористи оваа фраза и со тоа ја подгреа и одржа претставата за неа, која денес е дел од општата култура на секој описменет човек. Измамата воопшто и станала возможна со сокривањето на фактичката состојба.

Petar Stojceski Makedonski

Risto Smilevski

Авва Македония

Tanja Xena Tzarovska

Jana M Nedelkovska

Дарко Стојчев

Vesna Baseska Simonova

Miroslav Mikifor Spiroski

Gigo VetaMarjan Pejkoski

Наце Попов Македонски

Marija Stojanova

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s